Американската војска соопшти дека извршила напад во сирискиот Деир ал-Зор врз инфраструктурни објекти што ги користат групите поврзани со елитната иранска Исламска револуционерна гарда. Централната команда на војската соопшти дека таквите напади имаат за цел да ги заштитат американските сили од напади на групи поддржани од Иран. Командата не ги идентификуваше целите, ниту понуди податоци за жртвите од нападите, за кои војската рече дека се случиле по наредба на претседателот Џо Бајден.
Турски војници и курдски борци разменија силно гранатирање во Сирија
„Денешните напади беа неопходни за заштита и одбрана на американскиот персонал“, изјави портпаролот на Централната команда, полковник Џо Бучино, додавајќи дека нападот бил одговор на нападот на 15 август насочен кон американските сили. Во тој напад, беспилотни летала наводно лансирани од милициите поддржани од Иран го гаѓале гарнизонот Ал Танф што го користеа американските сили.