Ковачевски: Обединети во поддршката на територијалниот интегритет на Украина

Самит на Меѓународната платформа за Крим, 23.08.2022.

„Руската агресија врз Украина е недозволиво кршење на меѓународното право. Воените напади врз Украина од страна на Русија и злосторствата од руски сили врз цивилното население, најостро ги осудуваме“. Ова го порача премиерот Димитар Ковачевски, кој онлајн се обрати на вчерашниот самит на Меѓународната платформа за Крим, наведувајќи дека придружувањето на Северна Македонија кон активностите и политики на ЕУ и на демократскиот свет за ова прашање, „за нас значи застанување на вистинската страна – во вистински момент“.

Превозот на стока меѓу Македонија и Украина без дозволи до крајот на годинава

„Република Северна Македонија, како членка и иден претседавач со ОБСЕ, останува целосно ангажирана кон поддршката на напорите – мултилатерализмот да го надмине милитаризмот“, порачал Ковачевски. На самитот меѓу другите учествуваа претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претседателот на Франција, Емануел Макрон, премиерот на Канада, Џастин Трудо, државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.