Пожар во Цементарница УСЈЕ

Пожар во кругот на Цементарница УСЈЕ во Скопје.

Пожар денеска избувнал во кругот на Цементарница Усје во скопската населба Кисела Вода.

Од Противпожарната бригада на Скопје ја потврдија информацијата , наведувајќи дека пожарникари биле ангажирани за гаснење на пожарот.

Два часа подоцна Противпожарната бригада соопшти дека пожарот е изгаснат.

Командирот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Ѕвонко Томески изјави дека за време на интервенцијата на терен биле испратени две возила и девет пожарникари.

Пожарот бил пријавен околу 12 часот, а причина најверојатно е дефект на електрична инсталација.

Цементарница УСЈЕ се наоѓа во источниот дел на Скопје и во фабриката се произведува цемент и други градежни материјали.

Фабриката работи и прозиведува во Скопје од 50-тите години на минатиот век.