Автобуска несреќа кај Лесковац - загина жена, повредени 25 патници

Илустративна фотографија.

Во сообраќајна несреќа утринава во околу 5:50 часот, загина жена на автопатот кај Лесковац во правец кон Ниш, а 25 други патници се повредени, откако се превртел автобусот со сомборски регистарски таблички.

На местото на несреќата се полицијата и противпожарната единица и во тек е истрага, како што јавуаат српските медиуми.

За лекување на повредените се ангажирани медицински екипи од Лесковац, Лебан, Власотинац и Ниш.

Девет повредени, меѓу кои две деца, се пренесени во Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) во Ниш, соопштија од здравствената установа.

По несреќата кај Лесковац, 16 повредени се префрлени во нишкиот Ургентен центар, а 13 по укажаната помош се пуштени на домашно лекување“, изјави помошник директорот на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, Горан Станојевиќ.

Тој рече дека на Клиниката за детска хирургија е задржано 12-годишно дете, на Клиниката за ортопедија се лекува 59-годишна жена, додека во Ургентниот центар е опериран 69-годишен маж при несреќата се здобил со тешка повреда на раката.

Од УКЦ Ниш изјавија дека сите пациенти се свесни, комуникативни и дека моментално имаат стабилни витални параметри.

Засега не се познати причините поради кои возачот на автобусот со сомборски регистерски излетал од патот.

Автобусот превезувал туристи кои се враќале од одмор во Ханиоти, Грција.

Екипа на Брза помош полесно повредените ги префрлила во лесковачката болница, додека на потешко повредените им била укажана помош во Универзитетскиот медицински центар Ниш.