Временска прогноза - Пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град

Невреме во Општина Центар.

Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно, особено во попладневните часови на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. УВ индексот ќе биде 5.

Во Скопје, променливо облачно, попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 28 степени.