Курти – Косово сака членство во НАТО

Косовскиот премиер Албин Куртин и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Косовскиот премиер Албин Куртин денеска во Брисел изјави дека Косово сака членство во НАТО. Тој рече дека Косово е спремно да учествува во секој проект на НАТО со целосен капацитет.

На заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Курти рече дека институциите и граѓаните на Косово имаат причина за внимателност поради, како што рече, „деструктивниот пристап на северниот сосед“ и кон Косово и кон регионот воопшто во рамки на „рускиот план штетен за Европа и за Балканот“.

Претходно, Столтенберг се сретна и со српскиот претседател Александар Вучиќ во пресрет на дијалогот Белград – Приштина. Тој рече дека НАТО е подготвено да интервенира ако се наруши стабилноста на Косово.