Македонија утре и задутре во портокалова фаза, трудниците и повозрасните да се ослободат од работа

Илустрација

Поради топлотниот бран најавен за четврток и петок, Владата денеска донесе препораки за ослободување од работните обврски на бремените жени и лицата на возраст над 60 години, децата во градинките да немаат физички активности од 11 до 17 часот, приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, како и избегнување престој на отворено од 11 до 17 часот.

Министерот за здравство укажа дека според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи во следните два дена, територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури – портокалова фаза.