Естонија отстранува советски споменици од Втората светска војна

Советски споменик од Втората светска војна, Нарва, Естонија

Естонските власти почнаа да ги преместуваат спомениците од Втората светска војна од советската ера во пограничниот град Нарва, одлука што претходно предизвика предупредувања и протести од Москва. Денешното отстранување на еден тенк како споменик било проследено со значителен контингент на полиција и безбедносни сили „Денешната одлука ни помага да го задржиме фокусот на нашите најважни задачи: обезбедување на безбедноста на Естонија и помагање на сите жители на Естонија да ги пребродат кризите предизвикани од војната во Украина“, рече премиерот Каја Калас. Советскиот тенк ќе биде преместен во воен музеј северно од главниот град Талин. Нарва е град во кој населението главно зборува на руски јазик.

Талин ќе забранува влез на руски државјани со шенген визи

Не е првпат Естонија да ја налути Русија поради преместувањето на воените споменици. Во 2007 година, владата на Естонија објави дека ќе го премести споменикот наречен Бронзен војник од центарот на Талин на воени гробишта на периферијата на градот. Споменикот го подигнаа советските власти во знак на сеќавање на советските сили кои ја победија нацистичката војска од Естонија. Многу Естонци го сметаа споменикот за навредлив поради повеќедецениската окупација на земјата од страна на Советскиот Сојуз. Тогашната одлука предизвика незадоволство во медиумите на руски јазик и доведе до дводневни немири во Талин во кои беа повредени 156 лица, а 1.000 лица беа приведени. Земјата подоцна беше погодена од масовни сајбер-напади за кои во голема мера беше обвинета Русија.

Германија нема да одговори на повикот за укинување на руските туристички визи

Овој најнов потег доаѓа откако Естонија и двете други балтички земји заземаа сè потврдокорни позиции кон Москва по руската инвазија врз Украина во февруари. Естонските власти повикаа на блокирање на Русите да добиваат Шенген визи, кои овозможуваат широк пристап до многу земји од Европската унија.