Србија ја укина забраната за извоз на масло за јадење и ја намали акцизата на нафтените деривати

Илустративна фотографија

Срската влада донесе одлука за укинување на забраната за извоз на сите видови масло по анализата за состојбата на залихите и рекордните површини сончоглед посеан годинава.

Како што соопштија од Владата, приоритет ќе биде прво да се задоволат сите потреби на населението. Одуката доаѓа откако изминатиот период беа тргнати забраните за извоз на сите видови жито кои беа предмет на ограничени извозни мерки.

На истата седница српската влада донесе одлука и за времено намалување на акцизите на одредени нафтени деривати за 10 отсто.

„Ваквата одлука ја донесе владата, имајќи ја предвид моменталната состојба со цената на суровата нафта на светскиот пазар што негативно влијае на макроекономската стабилност во земјата, а со цел редовно снабдување на пазарот со нафтени деривати, зачувување на стандардите на граѓаните и на економската стабилност“, соопштија од Владата на Србија.

Овие одлуки следеа по неколкудневните протести на земјоделците во Нови Сад. Тие претходно имаат средба со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ по што најавија дека ќе одлучат дали да ги прекинат протестите, да ги продолжат или радикализираат.