Рускиот суд ја прати во домашен притвор новинарката што протестираше против војната во Украина

Марина Овсијаникова

Судот во Москва и одреди домашен притвор на телевизиската новинарка Марина Овсијаникова под обвинение за дистрибуција на лажни информации за руските вооружени сили.

Окружниот суд Басмани во руската престолнина ја изрече одлуката на 11 август, еден ден откако беше претресен домот на Овсијаникова и таа беше приведена.

Адвокатот на Овсјаникова, Дмитриј Захватов, вчера рече дека неговата клиентка е обвинета за „јавна дистрибуција на лажни информации за руските вооружени сили“ и може да се соочи со 10 години затвор доколку биде прогласена за виновна.

Овсијаникова, позната по тоа што во март одржа антивоен протест во живо, напиша на Телеграм дека обвинението поднесено на 10 август произлегува од нејзиниот протест на почетокот на јули, на кој таа држеше плакат на со натпис „ [Рускиот претседател Владимир] Путин е убиец, неговите војници се фашисти“ и покажа фотографии од деца убиени во Украина.


Минатата недела, судот во Москва ја казни Овсијаникова со 50.000 рубли (820 долари) за тој протест.

Овсијаникова се здоби со меѓународно признание на 14 март, кога упадна на снимањето на информативната програма на Канал Еден, држејќи плакат на кој пишуваше: „Стоп за војната. Не верувајте во пропагандата. Те лажат“ на руски јазик, и извикуваше „Стоп за војната. Не за војната“.

Овсијаникова беше продуцент во телевизијата за време на нејзиниот протест. Таа подоцна беше приведена и казнета со 30.000 рубљи (490 долари) од судот поради повикување на нелегални протести.

Овсијаникова поднесе оставка од и помина неколку месеци во странство, вклучително и во Украина, постојано изразувајќи ја својата осуда за војната.

На 8 август, судот во Москва ѝ нареди на Овсијаникова да плати казна од 40.000 рубли (660 долари) за нејзините последни објави на интернет во кои протестира против војната во Украина.

Во март, Путин потпиша закон кој предвидува долги затворски казни за дистрибуција на „намерно лажни информации“ за руските воени операции додека Кремљ се обидува да го контролира наративот за неговата војна во Украина.

Законот предвидува казни до 10 години затвор за лица осудени за прекршок, додека казната за „намерна дистрибуција на лажни информации“ за руската армија што довеле до „сериозни последици“ е 15 години затвор.

Тоа, исто така, го прави противзаконско секое упатување „повици против употребата на руските трупи за заштита на интересите на Русија“ или „за дискредитација на таквата употреба“ со можна казна до три години затвор. Истата одредба важи и за повиците за санкции против Русија.