Вучиќ: Приштина се подготвува да ги ликвидира Србите на северот на Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска предупреди дека приштинските власти „под превезот на борба против криминалот“ подготвуваат ликвидација на Србите на северот на Косово. Вучиќ ги отфрли тврдењата на Приштина дека неодамна од територијата на централна Србија било стрелано кон припадници на косовската полиција и додаде дека Србија „нема да дозволи никому, па ни на НАТО“ да пука врз припадници на српската армија и полиција на административна линија. „Оние кои зборуваат за неутрализирање на наводните криминални структури на северот на Косово, ги предупредувам да не се ни обидуваат да направат нешто такво“, изјави Вучиќ на новинарите во Белград по приемот на младите спортисти од дијаспората.

Косовската полиција јавува за пукање кон патролна единица близу српската граница

Коментирајќи ја претстојната средба со косовскиот премиер Албин Курти на 18 август во Брисел, Вучиќ рече дека на средбата оди „со добро расположение“, но дека е „многу скептичен“ оти е можно за да се постигнат „било какви резултати“. „Тие не сакаат никаков компромис. Сè што досега рекоа е дека ќе ја наметнат својата волја. Нив не ги интересира што ќе кажат Србите, а уште помалку што ќе каже Белград“, изјави Вучиќ. Тој праша зошто воопшто се воделе преговорите во Брисел доколку Заедницата на српски општини (ЗСО) мора да се формира во согласност со Уставот на Косово. „Дали е тоа невкусна шега? Тогаш зошто воопшто преговаравме, дека го направивме Бриселскиот договор? Што ни е гајле што е напишано во нивниот Устав што ние не го признаваме. Ако сакаат да направат невладина организација што ќе има право да продава мастики за џвакање, не може“, рече претседателот на Србија.

Курти на средба со амбасадори за дијалогот со Србија

Деновиве Кутри во интервју за РСЕ изјави дека во општините на северот на Косово на 31 јули постоело ризик ситуацијата да се претвори во вооружен конфликт „поради стравот што го воведе Белград и поради плановите направени во Рашка и Белград“. Според Курти, барикадите кои биле поставени на патиштата во северно Косово биле поставени на тој начин што можело да се пука во возила и лица кои минуваат низ таа област. Курти додаде дека на средбата што ќе ја има со српскиот претседател Александар Вучиќ на 18 август во Брисел нема да разговара за одлуките за регистарските таблички и документите за влез и излез од Косово. За да се избегнат тензии на 1 септември, какви што имало на 31 јули, според него, меѓународниот фактор мора да го одбие Белград во неговиот деструктивен пристап кон Косово.