Тајван спроведе воена вежба во услови на високи тензии со Пекинг

Воени вежби на Тајван

Тајван денеска спроведе воена вежба со боева муниција, еден ден откако соседна Кина ги заврши големите вежби во Тајванскиот теснец. Во вежбата на Тајван, која траеше околу еден час, беа вклучени стотици војници и артилериски оган во најјужниот регион на островот. Слична вежба беше одржана во истата област на 9 август. Тајванската војска соопшти дека двете вежби биле претходно закажани и не биле одржани како одговор на дејствијата на Пекинг.

Тајванскиот министер за надворешни работи се загрижи дека Кина може да започне војна

Тензиите во областа се разгореа во минатата недела кога претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, предводеше делегација на Конгресот во Тајван, станувајќи највисокиот американски функционер што го посетил островот во последните децении. Кина тврди дека Тајван е „одметничка провинција“ и одбива да се откаже од употребата на воена сила за да ја врати контролата врз островот. Односите се особено затегнати од 2016 година кога Цаи Инг-вен стана претседател на Тајван на платформа која не ги признава тврдењата на Пекинг.