МЗ: Нема потврден случај со мајмунски сипаници во државава

На Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент под сомневање за мајмунски сипаници. Во врска со пациентот кој се споменува во медиумите, според информациите од кичевската болница, станува збор за пациент кој е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кај кого е дадена препорака за тестирање, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во Грција потврдени 39 случаи на мајмунски сипаници

Во моментов, како што посочуваат, се организира епидемиолошки тим кој ќе спроведе епидемиолошка анкета. До овој момент не е доставен материјал за тестирање во Институтот за јавно здравје и во државата нема потврден случај со мајмунски сипаници, информираат од Министерството.