Тајванскиот министер за надворешни работи се загрижи дека Кина може да започне војна

Тајпеј, Тајван

Министерот за надворешни работи на Тајван Џозеф Ву изјави дека е загрижен оти Кина може да започне војна со Тајван. „Загрижен сум дека Кина навистина може да започне војна против Тајван. Но, она што го прави во моментов се обидува да не исплаши, а најдобриот начин да се справиме со тоа е да и покажеме на Кина дека не се плашиме“, рече Ву ву интервју за CNN. Тој изјави дека Пекинг со години му се заканува на Тајпеј и дека заканите станале посериозни во последните неколку години. Како одговор на неодамнешната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајпеј, Кина започна воени вежби околу Тајван.

Кинески авиони и бродови симулираат напад врз Тајван

Пекинг го смета Тајван за одметничка провинција и му се спротивставува на секој дипломатски контакт на тајванските власти со други земји. Министерот Ву рече дека воената закана на Кина отсекогаш постоела, без оглед на посетата на Ненси Пелоси, и додаде дека посетите на странски претставници се важен дел од стратегијата на Тајван против обидите на Кина да ја изолира од меѓународната заедница. „Кина не може да му нареди Тајван да не ги прима оние што сакаат да дојдат и да го поддржат да го посетат“, рече Ву.