Додека Европејците се потат на жештините, во Африка се скијаат

Скијање во Африка

Додека милиони ширум Европа се потат ова лето со рекордни жештини, во мало африканско кралство луѓето одат на скијање.

Ова не е уште еден знак за климатските промени, туку фасцинантната аномалија на Лесото, мало планинско кралство целосно опкружено со Јужна Африка. Лесото има специфична географска поставеност - тоа е единствената држава на планетата каде што секој сантиметар од нејзината територија се наоѓа на надморкса висина од над 1.000 метри. Затоа Лесото може да има снег во зимите на јужната хемисфера.

И додека студените зими не се ретки во јужна Африка, снегот е, а скијачките центри се уште поретки. На надморска височина од 3.000 метри, Африски во планините Малути во Лесото е единствениот оперативен ски-центар во Африка јужно од екваторот.

„Никогаш не сум видел снег во мојот живот. Значи, ова е одлично искуство“, вели за АП Кафи Мојапело, која овде допатува на ски-одмор.

Африски е единствениот снежен парк каде има зимски натпревари во слободен стил на континентот. Натпреварувачите дојдоа минатиот месец за годишниот натпревар за сноуборд и скијање „Winter Whip Slopestyle“. Центарот иако не е на нивото на големите европски алпски одморалишта, љубовта кон зимските спортови е очигледна.

Годинава многумина Африканци отидоа на скијање, во Африка.