Претпладне сончево време, попладне краткотраен пороен дожд

Илустративна фотографија/ Деца се капат во фонтаната на плоштадот во Скопје

Денеска нè очекува сончево време со мала до умерена облачност и умерен до засилен ветер од североисточен правец. За попладнето и вечерта пак од УХМР најавуваат локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Максималната температура ќе достигне од 30 до 37 степени, во Скопје до 34 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне и навечер ќе има развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.