Тестовите на Бајден се негативни за Ковид - 19, се чека на уште една контрола

Илустративна фотографија/ Американскиот претседател Џо Бајден прима „бустер“ вакцина за Ковид -19

Американскиот претседател Џо Бајден е негативен на тестот за Ковид-19 по два напади со коронавирусот во последните недели, соопшти денеска Белата куќа.

79-годишниот Бајден првпат беше ковид позитивен на 21 јули, а неколку дена подоцна доби негативен тест.

Тој беше позитивен на тестот повторно на 30 јули во она што лекарот од Белата куќа, Кевин О'Конор го опиша како случај на „отскокнување“ забележан кај мал процент на луѓе кои го земаат антивирусниот лек Паксловид. Лекот се зема на почетокот на инфекцијата и е наменет за луѓе кои имаа зголемен ризик од болеста, при што на Бајден му беше даден поради возраста.

Претседателот ќе остане во изолација додека не биде негативен на вториот тест, рече лекарот.

„Претседателот и понатаму се чувствува многу добро. Утрово, неговиот антигенски тест за САРС-КоВ-2 беше негативен“, истакна докторот.