Европска Комисија: Санкциите не се пречка за испорака на гасната турбина од Германија во Русија

Илустрација

Европската комисија соопшти дека западните санкции против Москва не се пречка за испорака на гасната турбина од Германија во Русија.

Рускиот државен енергетски гигант „Гаспром“ го намали протокот преку гасоводот Северен тек 1 до Германија на една петтина од капацитетот од 27 јули, велејќи дека потегот е неопходен бидејќи не ја добил турбината која била испратена на редовно сервисирање во Канада.

„Гаспром“ тврди дека санкциите ја оневозможуваат испораката до компресорската станица „Северен тек Портоваја“.

Но, и Германија и ЕУ тврдат дека нема оправдување за забавувањето на протокот на гас и дека потезите на Русија се политички мотивирани и поврзани со санкциите на ЕУ поради инвазијата на Москва врз Украина.

Гасот повторно протекува низ Северен тек 1

„Нема ништо во санкциите што забрануваат турбината, а тоа е турбината на Сименс, која во моментов е наменета за Русија, да оди таму“, рече на 5 август Ерик Мамер, главен портпарол на Европската комисија.

„Сименс енерџи“ претхдоно ги отфрли обвинувањата дека не обезбедиле соодветна документација за испорака на турбината.

Дел од официјалните претставници во ЕУ ја обвинија Русија дека одржувањето на тубрините се само изговор за Москва кога станува збор за снабдувањето со енергија.