Акциите преземени од руските сили во нуклеарната централа Запорожје веројатно ја поткопале безбедноста и нормалното функционирање на централата, соопшти денеска Британија. „Руските сили веројатно ја искористија пошироката област на објектот, особено соседниот град Енерходар, за да ги одморат своите сили, користејќи го заштитениот статус на нуклеарната централа за да го намалат ризикот за нивната опрема и персонал од украинските напади во текот на ноќта“, се вели во денешниот британски разузнавачки билтен, во кој се додава:
МААЕ притиска да испрати делегација во украинска нуклеарна централа
„Намерите на Русија во врска со централата остануваат нејасни по пет месеци од нејзината окупација на Украина. Нејзините сили веројатно оперираат во регионите во непосредна близина на електраната, користејќи артилериски единици со седиште во овие области за да ја таргетираат украинската територија на западниот брег на реката Днепар“.