Киев вели дека Русија планира нова офанзива, гранатирани повеќе цели низ Украина

Украина соопшти дека Москва составува напаѓачки сили насочени кон родниот град на претседателот Володимир Зеленски, Кривји Рих, додека Русија бомбардираше неколку делови на Украина, предизвикувајќи жртви и штети. Павло Кириленко, гувернер на источниот регион Доњецк, на Телеграм изјави дека во изминатите 24 часа тројца цивили се убиени во Бахмут, Маринка и Шевченко, а петмина се ранети. Гувернерот на регионот Суми на границата со Русија, Дмитро Живицки, изјави дека три града биле гранатирани од руските сили на 3 август, при што биле истрелани вкупно 55 проектили. Нема повредени, но оштетени се домови и деловни простории. Живицки рече дека осум артилериски гранати погодиле станбени делови на заедницата Краснопилска.

Во украински напад прекината железничката врска меѓу Крим и Керсон


Генералштабот на украинските вооружени сили денеска соопшти дека Русија почнала да создава ударна група во правец на Криви Рих и дека би можела да подготвува нови офанзивни операции во јужна Украина. Градот за производство на челик Кривји Рих каде што пораснал Зеленски се наоѓа на околу 50 километри од јужната линија на фронтот. Британското Министерство за одбрана во својот дневен разузнавачки билтен соопшти дека Украина продолжила со ракетни и артилериски напади насочени кон руски упоришта, групи, бази за логистичка поддршка и складишта за муниција низ линијата на фронтот.