Србија ќе биде принудена да започне „денацификација на Балканот“, вели член на владејачката партија

Членовите на Српската напредна партија Владимир Ѓукановиќ, Владимир Орлиќ и Горан Весиќ, 19 август 2019 година.

Пратеникот на владејачката Српска напредна партија (СНС) Владимир Ѓукановиќ напиша дека му се чини оти „Србија ќе биде принудена да започне со денацификација на Балканот“. Терминот „денацификација“ руските власти го користат како изговор за инвазијата врз Украина. „Сè ми се чини дека Србија ќе биде принудена да започне со денацификација на Балканот. Би сакал да грешам“, напиша Ѓукановиќ на Твитер. По негативните реакции на таа мрежа, Ѓукановиќ изјави дека „денацификацијата е нешто што е неопходно и едукативно“. Во 2016 година Украина му забрани на Ѓукановиќ да влезе во таа земја со образложение дека го загрозува украинскиот суверенитет и интегритет.

Говорот на Путин и значењето на она што не го кажа

Тој тогаш изјави дека на покана на невладина организација се согласил да ги следи изборите во Доњецк, регион на Украина под контрола на проруските сепаратисти, како дел од меѓународната набљудувачка група. Ѓукановиќ е член на владејачката СНС, на чело со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Србија, иако е кандидат за членство во ЕУ, одбива да ја усогласи својата политика со европската и да воведе санкции кон Русија. Властите во Србија гласаа за неколку резолуции на ОН со кои се осудува Русија за инвазијата на Украина.