Турција: првиот извоз на жито може да биде испорачан од Украина денеска

Украина -- уништен силос за жито во товарното поморско пристаниште во Мариупол

Портпаролот на турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека има големи шанси првиот брод извозник на жито да ја напушти Украина на 1 август. „Ако сите (детали) бидат завршени, се чини дека постои голема можност да првиот брод ќе го напушти пристаништето утре“, изјави портпаролот Ибрахим Калин за турската телевизија Канал 7 на 31 јули, додавајќи: „Ќе видиме бродови кои ги напуштаат пристаништата најдоцна следниот ден“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави претходно дека Украина е подготвена да започне со испорака на милиони тони жито што лежат во нејзините јужни пристаништа и дека чека Турција и Обединетите нации, кои се согласија да ги надгледуваат пратките, да ја започнат операцијата.

Украина подготвена за испорака на житото од Одеса, се чека датум

Киев и Москва потпишаа договори со Турција и ОН на 22 јули за ослободување на три пристаништа во Украина -- Одеса, Чорноморск и Јужне -- кои беа блокирани откако Русија ја започна инвазијата на нејзиниот сосед кон крајот на февруари. Договорот го отвори патот за испорака на милиони тони жито и ѓубрива, бидејќи голем дел од светот е на работ на голема прехранбена криза. Украина е еден од најголемите светски извозници на жито, иако Зеленски на 31 јули напиша на Твитер дека жетвата на жито во земјата може да биде преполовена од вообичаената количина оваа година поради тековната војна со Русија.