Зеленски повика на евакуација на Доњецката област во источна Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа го повика населението од регионот Доњецк во источна Украина, каде што се водат борби со руските сили.

„Владата донесе одлука за задолжителна евакуација од Доњецката област“, рече Зеленски во видеообраќањето.

„Ве молам евакуирајте се! Во оваа фаза на војната, теророт е главното оружје на Русија“, додаде тој.

Вицепремиерката Ирина Верешчук претходно денеска најави задолжителна евакуација за целокупното население на Доњецката област, кое е под украинска контрола.

Таа рече дека зимоска нема да имаа греење во регионот поради уништената гасна мрежа.