Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство информираа дека во последните 24 часа направени се 1.602 тестови, а регистрирани се нови 855 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје, Куманово и во Битола.
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 189 реинфекции, а бројот на регистрирани оздравени пациенти е 683.
Видете и ова:
Сали: нема регистрирано случај на мајмунски сипанициВо текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица, кои за починати се пријавени во период од 22.07-27.07.2022 година.