Гир – Никој не го изгубил идентитетот при пристапувањето во ЕУ

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Ние ги разбираме идентитетските прашања, но не го губите идентитетот за време на процесот. Ниту една земја не го направи тоа. Дали Шпанците станаа помалку Шпанци? Дали Естонците, кои се од помала земја, станаа помалку Естонци? Дали Малтежаните, од уште помала земја, станаа помалку Малтежани? Не. Јасно дека не и нема причина оваа земја да го става својот идентитет под сомнеж, вели евроамбасадорот Дејвид Гир во неделното интервју на Радио Слободна Европа.