Инфлацијата во еврозоната достигна нов рекорд бидејќи војната на Русија против Украина ги зголеми цените

инфлацијата во еврозоната достигна 8,9 проценти

Стапката на инфлација во еврозоната достигна 8,9 проценти во јули, што е нов рекорд, бидејќи руската неиспровоцирана инвазија врз Украина продолжува да ги зголемува цените на енергијата и храната. Статистичката агенција на Европската унија, Евростат денеска соопшти дека годишната стапка на инфлација во 19-те земји кои го користат еврото се зголемила од 8,6 насто претходниот месец. Во срцето на растот на стапката беа цените на енергијата, кои се зголемија за 39,7 проценти на годишно ниво и цените на храната, кои беа повисоки за 9,8 насто на годишно ниво.

Европската централна банка ги зголеми каматните стапки за прв пат по 11 години

Притисоците на глобалната инфлација веќе беа високи поради пандемијата на коронавирусот, кога војната меѓу Русија и Украина - сега веќе во шестиот месец - ги влоши тензиите на понудата и побарувачката, го оштети расположението на потрошувачите и го загрози глобалниот економски раст. Резултатот предизвика бран на инфлација ширум светот.