Шпанскиот премиер Санчез на турнеја низ Западен Балкан

Шпанскиот премиер Педро Санчез

Шпанскиот премиер Педро Санчез од денеска ќе престојува во дводневна посета на Србија, со што ја започнува неговата турнеја низ Западен Балкан. Санчез денеска во Белград ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по што ќе се одржи пленарен состанок на делегациите на двете земји. Шпанскиот премиер до 1 август ќе ги посети и Сараево, Мостар, Подгорица, Скопје и Тирана. Санчез е во посета на регионот со цел „реактивирање, заживување и ревитализација на процесот на проширување“ на ЕУ кон Западен Балкан, јавуваат шпанските медиуми.

Фајненшал тајмс: ЕУ забива клин во тркалата на проширувањето кон Западен Балкан

На состанокот на лидерите на ЕУ на крајот на јуни во Брисел, Санчез се залагаше за заживување на процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан.