Потврдени 32 случаи на мајмунски сипаници во Грција

Илустрација

Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека до денеска потврдени се вкупно 32 случаи на мајмунски сипаници. Сите случаи, според организацијата, се кај мажи од 22 до 59 години, а 38 отсто, односно 12 од заразените пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста. Пациентите, како што наведуваат, веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба.

Во Европа до 26 јули се регистрирани 13.043 случаи на мајмунски сипаници во 37 различни земји. Првиот случај во Грција беше регистриран на почетокот на јуни.

Европската комисија пред некој ден ја одобри вакцината Имванекс за употреба против вирусот на мајмунска сипаница во Европската унија (ЕУ), вклучително и во Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.