Русија ги потврди разговорите за размена на затвореници со САД

американската кошаркарска ѕвезда Бритни Гринер

Русија призна дека разговорите со Соединетите држави за размена на затвореници во која би биле вклучени американската кошаркарска ѕвезда Бритни Гринер и рускиот трговец со оружје Виктор Бут се во тек, но оти не бил постигнат договор. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Вашингтон и дал „значителна понуда“ на Русија за ослободување на поранешниот маринец Пол Вилан и Бритни Гринер, кои се наоѓаат во руски затвори под обвиненија за кои САД велат дека се политички мотивирани. Тој не го именуваше Бут, руски трговец со оружје кој моментално отслужува 25-годишна затворска казна во Соединетите држави, откако беше осуден за заговор за убиство на граѓани на САД и давање помош на терористичка организација, но Си-Ен-Ен цитираше извор запознаен со ситуацијата дека Бут би можел да биде дел од договорот.

САД со „понуда“ до Москва за ослободување Американци

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска рече дека иако „допрва треба да се постигне конкретен резултат“, официјалните лица во Москва се надеваат дека „интересите на двете страни“ ќе бидат земени предвид за да се овозможи договор. Блинкен рече дека очекува да разговара со неговиот руски колега Сергеј Лавров за ова прашање, но не даде временска рамка за тоа кога може да се одржи таква дискусија.