Пендаровски ги прими акредитивите на новиот британски амбасадор Лосон

Претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот британски амбасадор Метју Лосон. На свечената церемонија, како што соопшти Кабинетот на претседателот, Пендаровски истакна дека Северна Македонија придава големо значење на развојот на односите и соработката со Обединетото Кралство, оценувајќи дека Обединетото Кралство имаше круцијална улога во развојот на Северна Македонија како европска демократија. „Особено ги цениме силните партнерски односи кои ги негуваме во рамки на НАТО, посебно во време кога се соочуваме со сериозни глобални безбедносни предизвици“, рече Пендаровски.

Пич: Силно ја поддржуваме евроинтеграцијата на Северна Македонија

На церемонијата амбасадорот Лосон истакна дека односите меѓу двете држави се навистина важни за Обединетото Кралство. „Ја зголемуваме нашата поддршка и за Северна Македонија и за регионот со цел да ги поддржиме вашите напори за градење просперитет во безбедно и стабилно соседство. Успехот во овие области исто така ќе биде од корист за Обединетото Кралство и Европа како целина“, изјави амбасадорот Лосон.