Шефот на португалската дипломатија Кравињо во Скопје

Зградата на Министерство за надворешни работи

Шефот на дипломатијата на Португалија Жоао Гомес Кравињо, денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија, на покана на неговиот колега министерот за надворешни работи Бујар Османи. На средбата, како што соопшти МНР, ќе бидат разменети мислења за евроинтегративниот процес на земјата, за билатералните односи и за перспективите за нивното натамошно унапредување, со посебен осврт врз економските релации и можностите за нивно зајакнување.

Русија печали од „уценетите“ македонски евроинтеграции

Предвидено е двајцата министри да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следи пленарен состанок меѓу делегациите на двете земји, а потоа и заедничка прес – конференција на Османи и Кравињо. Покрај средбата со неговиот домаќин Османи, португалскиот министер за надворешни работи ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски, а ќе има одделни средби и со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.