Рама најави можни рестрикции на струјата во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама ја предупреди албанската јавност дека се можни рестрикции на електрична енергија бидејќи, како што рече, Албанија не добила доволно струја.

Тој додаде дека Владата подготвила план за вонредна заштеда на електрична енергија, во кој се предвидува и рестрикција во случај на потреба.

Рама посочувајќи го примерот со Германија, каде како што рече свеста на граѓаните е на високо ниво, па почнале пократко и поретко да се тушираат, побара од граѓаните да штедат електрична енергија.

Европските земји се тркаат во штедење енергија, Македонија ја заборави кризата

Дневната потрошувачка на електрична енергија во земјата е околу 25 милиони киловат часови.

Поради неповолната хидрологија, поради сушата, што услови намалено производство, но и зголемената цена на струјата, во март годинава Владата донесе наредба со која во сите градови и населени места беше исклучувано осветлувањето на јавните згради, улици, плоштади и автопати.

Но, не само Албанија туку и западните држави „на големо“ се подготвуват за енергетската криза и објавуваат конкретни мерки за справување со кризата и штедење.