Рускиот министер Лавров во работна посета на Египет

UKRAINE-CRISIS/RUSSIA-AFRICA

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Каиро на разговори со египетските власти, во услови на дипломатска изолација на неговата земја и западните санкции кои ги трпи Русија поради инвазијата врз Украина.

Лавров пристигна во Каиро на 23 јули. Планирано е да ги посети и Етиопија, Уганда како и Демократска Република Конго, јавува руската државна телевизија РТ.

На 24 јули Лавров започна разговори со египетскиот министер за надворешни работи Самех Амех Шукри, соопшти египетското Министерство.

Како руско-украинската војна предизвика криза со храна во светот?

Египет, најнаселената земја во арапскиот свет, одбива да заземе страна од почетокот на војната во Украина во февруари и одржува блиски врски со Москва и Западот.

Египет е меѓу најголемите увозници на жито во светот, а голем дел доаѓа од Русија и Украина.

Египетскиот претседател Абдел Фатах Ел Сиси изгради блиски лични односи со рускиот претседател Владимир Путин.

Двајцата лидери значително ги зајакнаа билатералните односи во изминатите неколку години, пренесува АП.

Посетата на Лавров на Каиро дојде во моментот кога руската државна компанија за атомска енергија Росатом започна со изградба на нуклеарна централа со четири реактори во Египет минатата недела.

Според локалните медиуми проценетата вредност на проектот е околу 25 милијарди евра.