Руски новинар се откажа од директорската фунција во руската државна телевизија

Рускиот новинар Сергеј Бриљов кој има двојно руско-британско државјанство и во моментов е под британски санкции поради неговата улога во дистрибуирање на антиукраинска пропаганда, денеска се откажа од функцијата заменик-директор на Руската државна телевизија.

Тој вчера на својот официјален фејсбук профил напиша дека престанал да ја води својата неделна телевизиска програма „Саботни вести“ , нагласувајќи дека оваа емисија последен пат ја водел на 26 февруари, што е два дена откако Русија ја започна својата тековна неиспровоцирана инвазија на Украина.

Бриљов напиша и дека се вратил од службено патување во Јужна Америка во април и рече дека од таму издал 33 специјални извештаи и документарни филмови, некои на шпански, а некои на руски.

Не е јасно дали тоа било емитувано, ниту дали тој сè уште работи за руската телевизија.

Бриљов е познат како еден од познатите руски новинари лојални на рускиот претседател Владимир Путин.

Во 2018 година, Бриљов ги потврди информациите од сега затворениот опозициски политичар Алексеј Навални во кои се вели дека тој и неговата сопруга се британски државјани, што покрена прашања за законитоста на неговото членство во јавните совети во Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана на Русија.