Зеленски: Украина има „значаен потенцијал“ да напредува на фронтот

украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно обраќање

Украина има „значаен потенцијал“ да ги унапреди своите сили на бојното поле и треба да го зголеми интензитетот на нападите врз руските сили, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно обраќање. Тој рече дека на вчерашниот состанок на воената команда на Украина биле дефинирани задачи во тактичките области кои мора да се извршат за зајакнување на позициите и разработени прашања за снабдување поврзани со испораката на најновото оружје што пристигнува од западните сојузници до трупите на терен.

Расте бројот на загинати во војната во Украина

„Учесниците на состанокот се согласиле дека украинските сили „имаат значителен потенцијал да ги унапредат нашите сили на фронтот и да нанесат нови значителни загуби на окупаторите“, рече тој. Зеленски, исто така, истакна дека неколку членови на Сенатот на САД предложиле резолуција признавајќи ја руската агресија против Украина како геноцид. Тој рече дека тоа е првиот резултат од посетата на неговата сопруга Олена Зеленска на Вашингтон оваа недела. Инаку, руската војска продолжи со немилосрдното артилериско бомбардирање на областите населени со цивили. Русија негира дека напаѓа цивилни цели.