Турција: договор за обновување на извозот на жито од Црното Море

Преговори за обновување на извозот на жито од Црното Море од Украина, Истанбул

Украина, Русија и Турција и Обединетите нации денеска во Истанбул ќе потпишат договор за обновување на извозот на жито од Црното Море од Украина, соопшти кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Преговорите меѓу четирите страни во Истанбул, наводно, биле блиску до договор за планот предводен од ОН да се дозволи пратките со жито да почнат да се движат низ пристаништата. Кабинетот на Ердоган соопшти дека за време на разговорите бил постигнат општ договор за продолжување на извозот на жито и сега ќе биде писмено потврден од страните.

Во Истанбул се бара начин како да се извезе украинското жито

Деталите од договорот не се познати. Стејт департментот ја поздрави најавата на Турција, но рече дека ќе се фокусира врз тоа да побара одговорност од Русија за спроведувањето на договорот. Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека денеска ќе има преговори предводени од ОН, но портпаролот на министерството не потврди дали ќе биде потпишан некаков документ.