Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок

се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца

Комисијата за заразни болести најави дека денеска ќе одржи состанок на кој ќе се дискутира за моменталната епидемиолошка состојба во државата. „Комисијата за заразни болести ќе се состане утре во 12 часот и на состанокот ќе видиме за што ќе се разговара. Ќе се дискутира за епидемиолошката состојба, а препораките или заклучоци ќе бидат споделени веднаш по состанокот, изјави портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ. Комисијата за заразни болести на последната седница не донесе дополнителни рестриктивни мерки.

Нови 792 случаи на ковид

На тој состанок, Комисијата апелираше до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца. Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.