Надлежните со препораки поради топлотниот бран

Илустрација

Министерството за труд и социјална политика ги повикa работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.

Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се бремените жени и хронично болни лица. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Истовремено Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.

Министерството за здравство претходно исто така излезе со препораки за заштита од високите температури. Освен мерките за ослободување од работните обврски од министерството соопштија и мерки за заштита на здравјето, односно да се избегнува отворен простор, да се носи лесна облека, да се внесува помало количество храна, а повеќе течности.