Лавров: целите на Москва во Украина веќе не се ограничени само на Донбас

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска изјави дека географските цели на руската „специјална воена операција“ во Украина повеќе не се ограничени на источните региони Доњецк и Луганск, попознати како Донбас. „Сега, географијата е различна. И тоа не е само [териториите контролирани од сепаратистите поддржани од Русија во Донбас] туку и регионот Керсон, регионот Запорожје и голем број други територии, а процесот продолжува консеквентно и упорно“, рече Лавров во интервју за новинските агенции РИА Новости и РТ.

Белата куќа соопшти дека Русија се подготвува да припои уште украинска територија

Лавров додаде дека „ако Западот испорача оружје со долг дострел на Киев, географските цели на специјалната операција во Украина ќе се прошират уште повеќе“.