Ковачки: Запален автомобилот на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Ристески, СДСМ со осуда на овој чин

илустрација

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на Фејсбук напиша дека во текот на ноќта бил запален автомобилот на неговиот колега Петар Ристески од Прилеп. Тој наведува дека зад чинот, како што вели, „стојат платеници инспирирани од предавничкото раководство на СДСМ“. Според него, пред 4-5 дена Ристески јавно кажал дека нема да гласа за промена на Уставот. Тој повика МВР и сите надлежни институции целосно да го расчистат случајот со опожареното возило на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ристески.

Собранието ги усвои заклучоците за францускиот предлог, ВМРО-ДПМНЕ не гласаше

И СДСМ го осудува овој криминален чин и повика на одговорност. Во соопштението од оваа партија се изразува очекување јавноста детално да биде информирана за причините, мотивите како и за сторителите. „Доколку во ВМРО-ДПМНЕ имаат внатрешни проблеми не е начин неосновано да се обвинува кој било, како што го прават поединци во оваа партија на чело со армискиот дезертер, Драган Ковачки“, се вели во соопштението на СДСМ.