Актуелниот премиер Викремесинг избран за нов претседател на Шри Ланка

Ранил Викремесинге

Парламентарците на Шри Ланка денеска го избраа актуелниот премиер Ранил Викремесинге за нов претседател на земјата, наместо Готабаја Рајапакса, кој избега од земјата и поднесе оставка по масовните протести поради колапсот на економијата и немирите. „Не треба да ви кажувам за состојбата во која се наоѓа нашата земја. Сега изборите се завршени и мораме да престанеме да се делиме. Подготвен сум за дијалог со вас“, рече Викремесинге во парламентот кој шест пати беше премиер на Шри Ланка. Тој беше инсталиран минатиот пат од Рајапакса, за да се обиде да ја врати стабилноста во земјата.

Претседателот на Шри Ланка избега од земјата пред ветената оставка

Тој не е популарен кај гласачите, кои го гледаат како дел од владата на поранешниот претседател. Демонстрантите по денешните избори се собраа пред претседателската резиденција и извикуваа „Оди дома Раниле“. Во парламентарното гласање, Викремесинг доби 134 гласа, додека поранешниот министер Дулас Алахаперума освои 82. Шри Ланка обично го избира претседателот на непосредни избори, но парламентот го избира доколку претседателската функција остане празна пред крајот на мандатот. Новиот претседател ќе ја извршува функцијата до 2024 година, кога и официјално истекува мандатот што претходно и беше доделен на Рајапакса.