Вархеји со повик до опозициските партии да работат на европската иднина на Македонија

Еврокомесарот за проширување на Европската унија Олвер Вархеји

Еврокомесарот за проширување на Европската унија Олвер Вархеји на прес конференцијата по завршувањето на првата Меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ изрази очекување дека сите политички партии да работат на европската иднина земјата. „Ја повикувам опозицијата да се вклучи во овој процес. Знам дека многу граници се преминати за време на расправата во врска предлогот за почнување на преговорите, но не треба да се будат чувствата кои нема да водат никаде. Се надевам дека оваа конференција ќе ја сврти страницата“, изјави Вархеји на прес конференција на која премиерот Димитар Ковачевски оцени дека со денешната Меѓувладина конференција, како што рече, паднале во вода сите манипулации.

Ковачевски: Денеска Северна Македонија ги започнува преговорите со ЕУ

„Имаме уште многу чекори на патот до Европа“, изјави Ковачевски повикувајќи ги политичарите во земјата да мислат на иднината на земјата, а не на нивната политичка иднина. Претходно отворајќи ја денешната конференција Јан Липавски, министер за надворешни работи на Чешка која претседава со Европската унија изјави: „Пристапните преговори што ги почнуваме денеска со Северна Македонија ќе бидат ригорозни и напорни. Според него, следната Меѓувладина конференција ќе се одржи без одлагање и други политички услови откако Македонија ќе ги изврши уставните измени, односно внесувањето на Бугарите во Уставот.