Продолжуваат антивладините протести во Унгарија

во Будимпешта протести против неодамнешните промени во даночниот законик на земјата

Антивладините демонстранти во Унгарија за денеска и утре најавија блокирање на еден од главните мостови во Будимпешта во серијата протести против неодамнешните промени во даночниот законик на земјата, кои траат веќе неколку денови. Многу од демонстрантите се независни претприемачи погодени од промените усвоени во унгарскиот парламент во минатата недела, за кои веруваат дека ќе резултираат со големо зголемување на даноците или губење на работни места.

Трета ноќ блокада на мост во Будимпешта поради амандман на даночниот закон на Орбан

Од 12 јули речиси секоја вечер илјадници демонстранти излегуваат во центарот на Будимпешта, блокирајќи ги улиците и главните раскрсници барајќи да се повлече законот. Унгарската владејачка партија Фидес, предводена од премиерот Виктор Орбан, го искористи своето мнозинство во парламентот за да ги усвои промените на популарниот даночен план познат како КАТА. Планот им овозможува на малите бизниси и хонорарците како што се доставувачите да плаќаат низок рамен данок. Законот, кој стапува на сила на 1 септември, ќе влијае врз повеќето од околу 450.000 вработени кои го користат овој план. Многу демонстранти го гледаат овој потег како набрзина донесени мерки за штедење за работниците во време кога унгарската валута е на рекордно ниско ниво во однос на доларот и еврото, а земјата се соочува со највисока инфлација во последните 25 години.