Продолжува истрагата на Обвинителството во финансиската полиција

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми

Обвинителството за организиран криминал, како што е најавено, денеска ќе го продолжи вчера започнатиот претрес во Управата за финансиска полиција. Од Обвинителството велат дека станувало збор за обемна документација и оти во истрагата биле опфатени повеќемина вработени во Управата, но засега нема информација дали помеѓу нив е и директорот Арафат Муареми. Истрагата според Обвинителството за организиран криминал доаѓа по пријава од група граѓани. Официјален став од Управата за претресот се уште нема.

Претрес во Финансиска полиција, Русковска не открива детали

Обвинителството за организиран криминал и корупција влезе во Управата за финансиска полиција (УФП), кај директорот Арафат Муареми во предистражна постапка, потврди обвинителката Вилма Русковска. Таа не открива детали што конкретно бараат истражителите во УФП, вели дека наредбата ја дала по пријава на група граѓани против директорот. Финансиската полиција е еден од двата клучни органи на откривање на финансиски криминал и корупција, покрај Секторот за организиран криминал во МВР.