Путин во Техеран на средба со Ердоган и Раиси

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Техеран ќе има средба со иранскиот и турскиот колега Ебрахим Раиси и Реџеп Таип Ердоган. „Во Техеран ќе се одржи состанок на лидерите на државите кои служат гаранти за мировниот процес во Астана“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитри Песков, наведувајќи дека претседатлите ќе се одржат и билатерални средби.

Делегации на Русија, Украина и Турција во Истанбул за да разговараат за извозот на жито

Политичкото решение во Сирија го иницираа Русија, Турција и Иран, трите земји кои исто така дејствуваа како гаранти на сирискиот мировен процес, со вклучени владини претставници од Дамаск и членови на сириската опозиција. Првите преговори се одржаа во Астана, тогашниот главен град на Казахстан, во јануари 2017 година.