Нови 899 заразени со ковид 19 во изминатите три дена

илустрација

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните три дена (од 15 јули до 17 јули) се направени 2 466 тестови, а регистрирани се 899 нови случаи со ковид 19 и 670 оздравени пациенти.

Од вкупниот број на позитивни (899), регистрирани се 201 реинфекција. Во текот на изминатите три дена (од 15 до 17 јули) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид 19 од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Од 899 новозаболени од Скопје се 470, Битола – 75, Кавадарци – 50, Прилеп – 40, Куманово – 39, Охрид – 31, Гостивар – 27, Тетово – 25, Велес – 23, Струмица – 22, Кичево – 16, Штип – 13, Струга – 10, Неготино – 9, Ресен и Кратово – по 8, Гевгелија – 6, Кочани и Валандово – по 5, Македонски Брод – 4, Крива Паланка и Демир Хисар – 3, Берово – 2, Свети Николе, Радовиш, Богданци, Крушево и Дојран – по 1 случај.

Досега во земјата се направени вкупно 2 098 561 тестирање на ковид 19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 319 037, бројот на оздравени пациенти е 306 979, на починати е 9 339, а на активни случаи изнесува 2 719.