Заврши состанокот на Г-20, многу земји ја осудиле војната во Украина

Состанок на Г20 во Индонезија

Многу нации од Групата 20 големи економии ја осудија руската инвазија на Украина и повикаа да ја прекине војната за време на министерските разговори во Индонезија, рече домаќинот во својата завршна изјава.

Официјалниот самит на министрите за финансии на Г20 заврши вчера без последно коминике, бидејќи имаше разлики за тоа како да се карактеризира и да се одговори на руската инвазија на Украина. Но, западните земји ја притиснаа Русија во врска со воениот напад, обвинувајќи ја Москва за предизвикување шок во глобалната економија.

„Многу членки се согласија дека закрепнувањето на глобалната економија е забавено и се соочува со големо назадување како резултат на руската војна против Украина, која беше остро осудена и се повика на прекин на војната“, се вели во декларацијата на Индонезија.

Претходно, американската министерка за финансии Џенет Јелен рече дека шефовите на финансии на Групата 20 имале продуктивни разговори во Индонезија за предлогот за ограничување на цените што земјите ќе ги платат за руската нафта.

Наместо формално коминике, изјава од 14 параграфи ќе издаде Индонезија, според индонезискиот министер за финансии Шри Мулјани Индравати, домаќин на формалниот настан.

Таа рече дека има консензус за поголемиот дел од документот, но дека два параграфи ќе се фокусираат на разликите на членовите во однос на влијанијата на војната и следните чекори што треба да се преземат.

Јелен, пак, рече дека е постигнат напредок за потенцијалното ограничување на цената на руската нафта во разговорите на маргините на самитот. Ограничувањето на цените би било „нашата најмоќна алатка за справување со високите цени со кои се соочуваат луѓето во Америка и ширум светот“, рече таа.

На разговорите лично присуствуваше рускиот заменик-министер за финансии Тимур Максимов. Една недела претходно, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров излезе од состанокот на Г20 поради критиките на Западот за инвазијата.