Расправата за францускиот предлог во Собранието продолжува утре

Илустрација

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата на која пратениците расправаат за францускиот предлог. Расправата продолжува утре во 11 часот.

Според списокот на пријавени пратеници, останати се уште тројца кои имаат право на збор, по што Собранието ќе треба да одлучува за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Дебатата во Собранието и денеска се одвиваше во слична атмосфера како што започна и вчера со користење на вувузели и свирежи од пратениците на ВМРО ДПМНЕ додека се обраќаат пратениците на СДСМ.

Што со преговорите и можните блокади доколку се усвои преговарачката рамка?

Во меѓувреме пред законодавниот дом група на граѓани останаа да протестираат против предлогот на официјален Париз.

Таканаречениот француски предлог за укинување на бугарското вето и почеток на пристапните преговори, зад кои застана целата ЕУ, во Македонија наиде на отпор од македонската опозиција, дел од граѓаните, академската јавност и невладините организации.