Словенија почна да ја отстранува оградата за мигранти на границата со Хрватска

Словенија миграциска ограда

Армијата во Словенија почна да ја отстранува жичената ограда на границата со Хрватска, пренесува АП.

Оградата првично беше поставена за да ги спречи мигрантите да се обидат да ја преминат границата за време на миграцискиот бран во 2015 година, кога повеќе од еден милион бегалци влегоа во Европа.

Официјалните лица рекоа дека може да бидат потребни пет месеци за да се урне целата ограда долга 200 километри.

Одлуката за отстранување на оградата ја донесе новата, либерална влада на Словенија, која ја презеде функцијата по изборите одржани во април.

Словенија ќе ја отстранува оградата од границата со Хрватска

Официјални лица рекоа дека границата ќе се надгледува на други начини, но дека е неопходно да се спречат несреќи и повреди со кои би можеле да се соочат мигрантите додека се обидуваат да стигнат до Западна Европа.

Мигрантите од Блискиот Исток, Африка и Азија доаѓаат во Словенија од Хрватска преку таканаречената балканска рута.

Многумина се соочуваат со опасности на нивните долги патувања кои често траат со месеци, дури и со години.

Одлуката на владата да ја отстрани оградата беше критикувана од десничарските партии кои цврсто се противат на миграцијата.

Мигрантите кои се обидуваат да ги преминат границите и да стигнат до западните земји често се соочуваат со насилни одбивања од граничната полиција во многу земји на рутата.