Интензивно гранатирање на Харкив во текот на ноќта

Украинските власти соопштија дека руските сили во текот на изминатата ноќ интензивно го гранатирале североисточниот регион Харкив. Украинската државна служба за вонредни ситуации извести дека Харкоивската област и регионалниот центар биле погодени со ракети. Се наведува дека ракети погодиле најмалку еден дом, како и област во близина на образовен објект. Засега нема информации за жртви. Во меѓувреме, спасувачките тимови се обидуваа да лоцираат некои од најмалку 39 лица за кои нема податоци откако руски проектили го погодија историскиот град Виниција во централна Украина на 14 јули, предизвикувајќи голем број цивили мртви и повредени.

Руски проектили погодија историски град во централна Украина, убивајќи 23 цивили

Украинските власти соопштија дека најмалку 23 лица, вклучително и три деца, биле убиени во нападот врз градот кој се наоѓа на стотици километри од линијата на фронтот. Инаку, финансиските лидери од водечките економии на Г-20 денеска на Бали на, како што соопшти домаќинот Индонезија, се на клучен состанок за да се ублажат катастрофалните хуманитарни последици од неиспровоцираната војна на Русија против Украина.